Антикорупциска лови „корумпирани“ функционери, власта не ја ферма
По изборите треба да се отвори расправа за тоа како власта постапува кога Антикорупциска ќе утврди неправилности во работата на функционерите. Дали кога се утврдува одговорноста кај некој функционер станува збор за партиско гласање или имаат аргументи, вели претседателката на Комисијата за спречување корупција Билјана Ивановска. Извршната власт нема политичка волја да се бори против корупцијата и конфликтот на интереси, смета поранешниот антикорупционер Ариф Муса.