Нема пазарен ден во Тетово за спречување на ширењето на коронавирусот
Општина Тетово донесе одлука во четврток, кога е пазарен ден, да не работат сите отворени и затворени пазари, за да се намали можноста повеќе луѓе да се собираат на едно место, како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.