83 лекари и медицински сестри со коронавирус во Романија
Романското Министерство за здравство соопшти дека 34 лекари и 49 медицински сестри и болничари од регионалната болница во Сучева, Северна Романија, се заразени со коронавирус. Дел од заразените се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, делво Градската инфективна болница и дел се во домашна изолација.
Министерство за здравство одлучи да ја претвори регионалната болница Сучева во место за лекување лица заразени со новиот коронавирус, откако ќе биде дезинфицирана, пренесе МИА.