Во Италија поголеми казни за кршење на мерките против коронавирусот
Премиерот на Италија, Џузепе Конте објави нови казни за прекршување на мерките за ограничување на владата. Казните ќе бидат од 400 до 3.000 евра. Досега казната беше 206 евра. Во Италија веќе три недели важи забраната за движење, а според одредбата на владата, таа треба да трае до 3 април.
Зошто Италија- факторите зад коронавирус катастрофата
Италијанскиот службеник за здравство Франко Локатели порано изјави дека одлуката за продолжување на мерката ќе биде донесена во зависност од ситуацијата со ширењето на инфекцијата со вирусот корона. Во Италија само вчера од КОВИД-19починаа 743 луѓе. Бројот на заразени лица се искачи на повеќе од 69.000, а вчера беа се регистрирани 5.224 нови инфекции.