Германската амбасада донираше 2,5 милиони денари за медицинска опрема
![Германската амбасада донираше 2,5 милиони денари за медицинска опрема](https://gdb.rferl.org/65EAC776-60A0-47F1-A0E3-A7E1D0797582_cx0_cy5_cw32_w800_h450.jpg)
Германскатa Амбасада во Скопје оваа година го распредели целокупниот буџет од програмата Мали проекти за помош на Клиниката за инфективни бoлести, Клиниката Карил и Клиниката за неврохирургија, предвидени за лекување на пациенти заразени од Ковид-19.
Како што соопштија денеска од Амбасадата, амбасадорот Томас Герберих, министерот за здравство Венко Филипче и регионалниот менаџер на фондацијата Луѓе за луѓе-проект Хоуп, д-р Влатко Ужевски потпишаа договор за донација во висина од 2.450.000 денари за набавка
на медицинска опрема. Воедно, на медицинскиот персонал му посакуваат и понатаму многу сила, а на сите заболени брзо опоравување.