Рекорден број починати во Шпанија од Ковид-19 - 769 за едно деноноќие
![Рекорден број починати во Шпанија од Ковид-19 - 769 за едно деноноќие](https://gdb.rferl.org/611BC854-60C6-4AB6-AE60-5016C7E2FC53_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Шпанија регистрираше рекорден број на починати лица во изминатите 24 часа - вкупно 769 и со тоа останува едно од најголемите жаришта на коронавирусот во моментов, пренесе АП.
Со тоа вкупниот број на починати лица од коронавирусот се искачи на 4.858, додека заразени се 64.059 лица, што е скок за 14% за разлика од претходниот ден. Моментално на интензивна нега се наоѓаат 4.165, додека излечени се 9.357 лица.