Од Дебар заминаа 95 лица кои беа во хотелски карантин
Од Дебар денеска попладне заминаа 95 лица кои по прогласувањето на кризна состојба пред 15 дена се најдоа во општините Дебар и Центар Жупа . Станува збор за македонски државјани од неколку општини но и на петмина странски државјани од Швајцарија и Србија кои беа во карантин во хотелските капацитети на Дебарските Бањи Цапа во Бањиште.
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука информираше дека заминувањето од општина Дебар на наведените лица беше со полициска придружба , со претходно добиени персонални решенија за патување издадени од надлежните институции.
На овој начин изминатите денови од Дебар заминале и неколку лица кои биле во некои селски населби во дебарско во нивните вили, а биле жители на Скопје и други градови. Во Дебар останаа над десет странски државјани од Шведска и Албанија кои престојувале како туристи во Дебарските бањи - Цапа , и се во очекување на амбасадите на нивните земји да достават барање за евакуација.