Орбан бара дополнителна моќ за справување со коронавирусот
Унгарскиот парламент денеска се очекува да го одобри нацрт-законот, со кој на премиерот Виктор Орбан му се дава нова моќ во борбата против пандемијата на коронавирус. Владата на Орбан предлага нацрт-закон, според кој, и се овозможува на владата неодредено време да ја продолжува вонредната состојба со што се отстранува сегашниот услов пратениците да одобрат какво било продолжување.
Пандемијата изговор за Oрбановата злоупотреба на власта
Исто така, се воведуваат затворски казни до пет години за секој што шири „лажни вести“ за вирусот или мерките против него, предизвикувајќи нови грижи за слободата на печатот. Критичарите дома и во странство го осудија „анти-коронавирусниот закон“, велејќи дека тој му дава на Орбан непотребна и неограничена моќ.