Во Србија за 24 часа седум нови жртви на Ковид-19
Директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, д-р Горан Стевановиќ, соопшти дека во последните 24 часа забележани се нови седум смртни случаи од корона вирус, а дека има нови 115 новозаразени, пренесоа српските медиуми.
Со ова, бројот на заразени во Србија се искачи на 900. Д-р Стевановиќ изјави дека овој ден е најтешкиот за Србија откако почнала пандемијата.