Велигден во Грција зад затворени врати
Велигден во Грција оваа година ќе се слави зад затворени врати, бидејќи им е дозволено само на свештениците да бидат во црквите, а не и на верниците со цел да се спречи ширењето на пандемијата на коронавирус. Ова синоќа го соопшти Грчката православна црква. Велигден е најпопуларен верски празник во Грција, кога секој ден се собираат маси од верници и други граѓани на служби за време на велигденската недела, која годинава е од 12 до 19 април.
Идентични мерки против коронавирусот на Западен Балкан
Грчката црква ги повика верниците овој Велигден да се молат дома и оти ова е нивно „дело на жртвување“, според ликот на Исус. Владата претходно ги предупреди Грците дека традиционалното славење на велигденската недела, со семејни празници надвор и со масовно печење јагниња, нема да биде дозволено оваа година.