Путин потпиша закон со кој владата може да прогласи вонредна состојба
![Путин потпиша закон со кој владата може да прогласи вонредна состојба](https://gdb.rferl.org/8D3230BC-68A4-42DF-A1BA-E1E550C49A43_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин кој од вчера најави дека ќе комуницира преку видеоконференција поради коронавирусот потпиша закон со кој на владата и се дозволува да прогласи национална вонредна состојба во борбата против ширењето на инфекцијата. Законот претходно беше одобрен од рускиот парламент. Тој дозволува владата да прогласи вонредна состојба низ целата земја и да воспостави задолжителни правила на однесување за време на вонредна состојба.
Русија ги укинува сите летови
На 1 април, Русија официјално регистрирала 2.777 случаи на коронавирус, што претставува зголемување од 440 случаи во однос на претходниот ден. Вкупно 24 лица починале од КОВИД-19, болест што е предизвикана од вирусот.