Микиќ: Претпоставка е дека вакцинираните со БСЖ се поотпорни
Доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје денеска изјави дека постојат претпоставки дека лицата кои што ја примиле БСЖ вакцината се поотпорни на корона вирусот.
Тој ова го кажа на прес-конференцијата во Владата, нагласувајќи дека посебно во нашиот регион, односно на Балканот и нашата држава, се уште се дава доза од оваа вакцина.
Дука: Имаме неофицијални информации дека болни од коронавирус се шетале низ Дебар
"Претпоставката е дека како имуномодулатор оваа вакцина можеби делува на зголемување на отпорноста на новиот вирус Ковид-19, сепак, се уште се работи за рана фаза од овие испитувања за да се донесе конкретен заклучок или пак да се препорача како мерка за масовна употреба" изјави Микиќ.
Toj додаде дека постојат индиции дека можеби БСЖ-то создава отпорност на Ковид 19 кај некои лицат и оти стручната јавност и епидемиолозиите ги следат сите препоракии.