Курти - Српската донација на тестови не треба да е политизира
Претседателот во оставка на владата на Косово, Албин Курти изјави дека не треба да се политизира тоа што Србија донираше тестови за коронавирусот на Косово. Тој денеска на прес-конференција рече Косово докажало дека не прави разлика меѓу граѓаните по општини, партии, старост, пол, вера и етничка припадност. Курти додаде дека Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ќе одлучат како ќе ги искористат сите тестови со кои располага Косово.
„Ние не дискриминираме и убеден сум дека доколку Косово одбие да ги земе тие тестови, ќе биде оптужено дека се однесува ирационално и ќе се политизира еден гест кон не е таков. Тоа не треба да се прифати како политички гест“, реч Курти.
Србија му донира на Косово 1000 тестови за коронавирус
Во Косово се бара истрага за донацијата на тестови за Ковид-19 од Србија
Тој додава дека земјата сака добрососедски односи и што поголема регионална соработка во заедничката борба со коронавирусот.
Косовската опозиција критикуваше што владата на Курти ја прифатила оваа донација.