Вучиќ не попушта за викенд полицискиот час во Србија
Коронавирусот е многу поголемо зло отколку што мислел на почетокот од појавувањето на оваа зараза, вели српскиот претседател Александар Вучиќ и затоа немало да попушти во битката со пандемијата и полициски час во Србија ќе има и викендов.
„Оваа болест го напдна нашето опшество, економијата, нашите стари лица. Замислите кога ќе влезе вирусот во старечките домови. Бројот на жртвите сигурно ќе биде двоцифрен. Со воведените мерки и дисциплината успеавме да ги сочуваме нашите граѓани, пред се нашите родители. Лесно е да се зборува кога се ќе помине“, изјави Вучиќ.
Олабавување на анти-корона мерките во Србија
Тој додаде дека „по секоја битка сите се генерали и кога треба нешто да се направи ги нема и се кријат за да не понесат одговорност“ и потврди дека нема намера да попушти во битката со коронавирусот.
„И следниов викен ќе биде на сила полицискиот час. Се слушам и консултирам со лекарите и тие се за тоа забраната за движење да се продолжи за уште две недели, посебно за време на викендите, бидејќи жртвите кои ги имаме сега се последица на викендите од пред 21 ден“, рече Вучиќ.