На Косово и натаму несогласувања околу новата влада
Претседателот на Косово Хашим Тачи, по вчерашните консултации со лидерите на парламентарните партии, изрази уверување дека Косово во наредните неколку денови ќе добие нова влада, со оглед на тоа штоактуелната, предводена од лидерот на Самоопределување Албин Курти, уште на 25 март ѝ беше изгласана недоверба од Собранието на Косово.
Мустафа би прифатил мандат за формирање нова влада на Косово
Откако вршителот на должноста премиер Курти, неколку пати не одговори на барањето да определи кандидат за формирање нова влада, Тачи попладнево организира состанок со лидерите на другите парламентарни партии, по кој изјави дека е постигната согласност за формирање нова влада. Курти, пред тоа, му напиша на Тачи дека не е точно оти ги одбил неговите барања да именува кандидат за премиер и дека претседателот на државата нема уставни овластувања да го дава мандатот за нова влада.