Сугарески – На компаниите ќе им биде платено
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески не очекува никакви проблеми во делот на исплатата на средства кон компаниите. Тој денеска на прес-конференција рече дека тоа и досега не било случај.
„Работодавците и компаниите не треба воопшто да бидат загрижени, бидејќи во буџетот има доволно средства и преку кредитните линии, но се разбира и преку средства од буџетот. Не очекувам во ниеден случај заради средствата кој било проект да биде попречен од она што е согласно Планот за јавни набавки“, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања откако информира за реализацијата на капиталните инвестиции, за кои, според него, во делто транспорт имаат добра реализација. Сугарески вели дека со силно темпо се градат патишта, гасоводот,комуналната мрежа и железницата.
Ветувањата за полни џебови и нови патишта тешко остварливи
Министерот нема информации дека се отпуштаат градежни работници.
Од опозицијата реагираа на пресот на Сугаревски. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека станува збор за гол популизам и очаен обид за подигање на рејтингот на СДСМ.