Околу 3, 5 милиони лица во светот заразени со корона
Во светот речиси 3.428.490 луѓе се заразени со вирусот, 243.837 умреле, а закрепнати се 1.095.873, тврди угледниот универзитет Џон Хопкинс. Оттаму сепак предупредуваат дека бројот на заразени лица не претставува вистинска слика за ситуацијата, бидејќи голем број на земји тестираат само хоспитализирани лица.
Соединетите Држави имаат најголем број потврдени случаи, со повеќе од еден милион заразени, а потоа следат Шпанија, Италија, Велика Британија, Франција и Германија.
Во Соединетите Држави во кои повеќе од еден милион луѓе се заразени, починале 66.385 лица. Во Италија, која ја регистрираше првата смрт на крајот на февруари, починаа 28.710 луѓе, а повеќе од 209,000 беа заразени.
Попуштање на мерките – грижа за економиите или за здравјето на граѓаните