Северна и Јужна Кореја разменија оган во пограничен регион
Северна и Јужна Кореја денеска размениле оган во близина на стражарско место во Јужна Кореја, засилувајќи ги тензиите еден ден откако лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун се појави во медиумите по скоро тринеделно отсуство, пренесува Ројтерс.
Неколку куршуми биле испукани од Северна Кореја во 7,41 часот по локално време кон стражарското место во Јужна Кореја, се вели во соопштението од командантот на јужните сили. Јужна Кореја одговорила со истрелување на два куршуми кон Северна Кореја. Нема информации за повредени.
После неколкунеделните шпекулации за здравствената состојба на Ким Џонг Ун, државните медиуми во саботата објавија фотографии и извештај дека тој присуствува на церемонијата на отворање на фабрика за ѓубрива во Сункеон, во близина на главниот град на Пјонгјанг, со други официјални лица, меѓу кои и неговата сестра Ким Џo Јонг.
Севернокорејскиот лидер Ким се појави во јавноста