Угостителите очекуваат уште помош од државата
Деведесет и пет отсто од угостителите одговориле дека не се задоволни од владината мерка да даде поддршка во висина од 9.000 денари или бруто плата од 14.500 денари, покажува истражувањето на Туристичко угостителската комора за состојбата со која се соочуваат угостителите во изминатиот период од почетокот на здравствено – економската криза. Според истото истражување, само 5 отсто од нив се задоволни од мерките кои се преземаат од Владата за ублажување на последиците во секторот.
Над 90 отсто од угостителите одговориле дека не се задоволни од тоа што нема мерка за одложувањето на плаќање на режиските трошоци, струја, вода, комуналии..., а 70 отсто рекле дека очекуваат дополнителна финансиска поддршка од Владата по започнување со работа.
Над 5000 фирми се пријавиле за помош од 14.500 денари
Претходно, угостителите имаа неколку средби со претставници на Владата и на Министерството за финансии по што неколку пати беа менувани уредбите за државна помош за овој сектор поради економските последици од коронавирус пандемијата.