Бум на онлајн купувањето поради „седете дома“
Кризата предизвикана од коронавирусот позитивно се одрази на е-трговијата и забележан е голем раст на онлајн купувањето, вели Филип Чижбановски, в.д. претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Тој вели дека оваа ситуација нема наеднаш да заврши и поради тоа и во иднина ќе треба да продолжиме да функционираме на сличен начин и се повеќе да се користат дигитални услуги. Поради тоа е-продавниците сега имаат можност да бидат фер и транспарентни и да градат добри односи со купувачите со цел во иднина тие да продолжат да купуваат онлајн, вели Чижбановски.