Полската црква бара истрага од Ватикан за злоупотреба на деца
Поглаварот на Римокатоличката црква во Полска, Војчех Полак го повика Ватикан да го истражи наводното прикривање на сексуална злоупотреба на деца од страна на свештеници откако гледал документарец за наводните жртви на свештеник, кој бил заштитен од епископ.
„Барам свештеници, монахињи, родители и наставници да не бидат водени од лажната логика да ја заштитат црквата и ефикасно да се кријат сексуалните насилници. Ние не дозволуваме да се сокријат овие злосторства“, изјави Полак.
Документарниот филм „Играј се скриј и трагај“ од браќата Томаш и Марек Секиески беше објавен на 16 мај. Во него е прикажано како епископ не успеал да постапи против свештениците, за кои се знаело дека злоупотребиле деца. Минатата година браќата објавија филм според кој познатите педофилски свештеници биле намерно преместени меѓу парохиите. Филмот има над 23 милиони прегледи на Јутјуб.
Папата Францик вети дека ќе се справи со сексуалната злоупотреба на децата во црквата, по низата скандали во Европа, Латинска Америка, САД и на други места.