Сончево време со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 16 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде малку до умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.