Битиќи: „Викенд без ДДВ“ значи поголем поврат на данокот
Мерката „Викенд без ДДВ“ всушност ќе биде поголем поврат на данокот, информираше денеска Фатмир Битиќи, советникот за економски прашања во кабинетот на премиерот во Владата, презентирајќи го третиот сет економски мерки за справување со економските последици од корона-пандемијата.
Трет пакет економски мерки во вредност од 355 милиони евра
„Тоа ќе биде поголем поврат на ДДВ преку сегашното софтверско решение на УЈП“, рече Битиќи и додаде дека со „Викенд без ДДВ“ планот е да се поттикне потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги и дека со ваквата мерка се очекува дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе треба да се слеат во македонското стопанство.
„Викенд без ДДВ“ е дел од третиот сет владини мерки за справување со економските последици од пандемијата, а чија вредност, според последните изјави на премиерот Оливер Спасовски, изнесува 355 милиони евра.