Приведени 58 лица за прекршување на полицискиот час
Во последното деноноќие на ниво на цела држава МВР регистрирало 77 лица кои не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 58 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 37 прекршоци, соопшти МВР.
Член на обезбедувањето на Пендаровски позитивен на Ковид-19
„За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 11 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, соопшти МВР.