Дебар во пандемија почнува со рестрикција на вода
Од денеска во Дебар почнува дневна тричасовна рестрикција на вода, што предизвика бројни реакции кај жителите, но и кај здравствените работници, јави нашиот дописник од Дебар.
По констатирањето дека епидемиолошката состојба во општината е стабилна, бидејѓи повеке од еден месец нема заразени со коронавирус, градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, изјави дека во градот започна рестрикцијата на водата за пиење од три часа - од 13 до 17 часот. Според Дука, локалната власт наскоро ке реализра проект за надминување на проблемите со водоснабдувањето во летниот период во Дебар .
Директорот на ЈКП „Станрад“, Мазлум Леши, за Радио Слободна Европа изјави дека воведувањето на рестрикцијата е поради зголемена потрошувачка на вода, но исто така и злоупотребата на водата за наводнување на зелени површини.
„Имаме стара водоводна мрежа која не одговара на потребите“, додаде Леши.
Дебар и Центар Жупа бараат поголема државна помош
Здраствените работници нагласуваат дека токму сега на населението во време на пандемија му е потребна вода. Епидемиологот Ментор Мела за РСЕ изјави дека миењето на рацете е основа на превентивната заштита од Коронавирусот, јави дописникот од Дебар.