Борел: Мора да го внесеме Западен Балкан во Европа
Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, оцени дека европскиот политички модел, заснован на демократијата и почитувањето на човековите права, се соочува со предизвици и додаде дека „битката на наративите“ е особено видлива на Западен Балкан.
„Ние мора да ја одржиме нашата намера да го внесеме Западен Балкан во ЕУ“, рече Борел во обраќањето пред германските амбасадори за време на видео конференцијата.
Тој оцени дека во светот се случуваат многу „драматични промени“, при што Соединетите држави сè повеќе го губат приматот, а Азија станува сè повеќе економски, безбедносен и технички застапена. „Ковид -19 е прва голема криза во последните децении кога Соединетите држави не го предводат глобалниот одговор. Насекаде каде што гледаме, гледаме зајакнување на ривалството, особено помеѓу САД и Кина“, изјави Борел.