Лајчак се сретна со амбасадорите од Западен Балкан
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак денеска на својот прв работен ден во Брисел, разговарал со амбасадорите на западнобалканските земји.
„Имавме конструктивен разговор за ситуацијата во регионот и евроинтегративниот процес“, напиша Лајчак на својот Твитер профил.
Тој појасни дека ги известил амбасадорите на земјите од регионот за своите планови во рамки на новиот мандат специјален претставник на ЕУ за дијалог и Западен Балкан.
Тачи: САД ќе имаат водечка улога во дијалогот меѓу Косово и Србија
Минатата недела Лајчак најави дека после речиси два месеци минати во Братислава, поради пандемијата на Ковид-19, денеска ќе пристигне во Брисел и ќе ја преземе работата во канцеларијата на Специјален ЕУ претставник.