Комисијата за заразни болести ги демантира пишувањата за мерките
Комисијата за заразни болести ги демантира информациите, објавени во дел медиуми, дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките, заради тоа што тие не биле почитувани од граѓаните, соопшти Министерството за здравство.
Од Министерството велат дека сите досегашни мерки и предлози до Владата, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата.
Се очекува на денеска на прес-конференција ставот на Комисијата детално да го образложи д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести, посочуваат во соопштението.
Владина седница за новите препораки од Комисијата за заразни болести
Влада попладнево одржува седница на која се очекува да се разгледуваат препораките на Комисијата за заразни болести.