Еврообврзница за менаџирање на кризата, но и тоа не е доволно
Еврообврзницата од 700 милиони евра е земена за враќање на постоечките долгови, но и под принуда на епидемијата на короновирусот, сметаат експертите кои предупредуваат дека парите треба да бидат употребени ефикасно за во иднина стапката на БДП да биде поголема од каматната стапка на позајмените пари. За последното задолжување опозицијата критикува дека е направено ненавремено и поради тоа е со повисока камата.