Премиерот ковид-негативен, останува во изолација
Техничкиот премиер Оливер Спасовски објави дека е негативен на Ковид – 19, но дека ќе остане во домашна изолација.
Директорката на УЈП позитивна, Царовска, Манчевски, Муареми и Ганиу во изолација
„Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација“, напиша Спасовски на неговиот фејсбук профил.