Короната урива рекорди - Филипче смирува
Имаме втор бран на коронавирусот кој е резултат на непочитување на мерките, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче откако за еден ден се регистрирани 180 нови случаи на Ковид -19. Тој посочи дека 90 проценти од новите случаи се од околу 15 семејства, но укажа дека зравствениот систем не е во ризик.