Армијата се вклучи во тестирањата за ковид-19
Армијата со поддршка се вклучи во тестирањето на граѓаните од коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство. Тим од техничкиот персонал од Воено медицинскиот центар им асистира на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и им помагаат при земањето на брисеви за тестирање од вирусот ковид-19.
„Со оваа поддршка од страна на Армијата, значително ќе се зајакне, но и ќе им се олесни работата на екипите од ЦЈЗ. Тимот од Воено медицинскиот центар се вклучува поради зголемениот број на заразни лица“, велат од Министерството.
МЗ: Почитувајте ги мерките и давајте точни податоци
Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од овој корона вирусот, да соработуваат со епидемиолозите, и да даваат и точни информации во епидемиолошките анкети. Лажењето во анкетите и несоработката со екипите беше посочувана како проблем во повеќе наврати од здравствените власти.