Регистрирани 805 прекршоци за неносење маски
![Регистрирани 805 прекршоци за неносење маски](https://gdb.rferl.org/5E6FDD21-F2D4-499B-B956-32551E505A71_cx10_cy6_cw90_w800_h450.jpg)
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата им се издадени решенија за изолација на 213 лица, а 299 други потпишале изјави за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во соопштението се додава дека полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четворица не ја почитувале мерката за изолација, а четворица други мерката за самоизолација.
Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 805 прекршоци.