Претпладне сончево, попладне поројни дождови
![Претпладне сончево, попладне поројни дождови](https://gdb.rferl.org/445BF002-CA7B-42A5-BBD3-32CA29F330F9_w800_h450.jpg)
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена променлива облачност, а попладне и особено во планинските региони ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура се движи од девет до 19, а дневната температура од 18 до 30 степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена променлива облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура до 15 степени, а дневната температура до 29 степени.