Меркел и Макрон организираат самит Приштина - Белград
Дијалогот Белград - Приштина се рестартира од јули
Германското министерство за надворешни работи соопштило дека повторно воспоставување на политичкиот дијалог меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, како и други прашања за Западен Балкан, треба да се случат без одлагање. Истовремено, тие порачале и дека Специјалниот суд за Косово ја има целосната поддршка на владата на Германија, но и дека меѓународната заедница, вклучувајќи ја и Германија, јасно очекува дека Косово ќе ја почитува и поддржува работата на таа институција.