На 15-ти безбедно ќе се гласа, убедува Филипче
Можни нови мерки на границите поради ширењето на коронавирусот во соседството
„Строгиот протокол и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност, и се обврзуваме на граѓаните да им обезбедиме сигурна средина во која ќе може да гласаат. Протоколите кои досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила, се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот, целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа е едноставно нашата нова реалност и нов начин на живот“, рече министерот Филипче.