Ќучук: Нема прецизен текст да продолжи работата на бугарско - македонската историска комисија
Тој појаснува дека во рамката на ЕУ за Северна Македонија не постои експлицитен текст во кој се инсистира на продолжување на работата на Заедничката бугарско – македонска комисија за историски прашања, пренесе МИА.
„Во текстот не се оди многу во детали. Не е обврска на Европската комисија детално да пишува, особено во таков рамковен документ, како ќе бидат решени билатералните спорови меѓу двете страни. Принципиелна позиција е да се почитуваат добрососедските односи и во тој контекст да продолжат започнатите разговори“, изјави Ќучук за Бугарската национална телевизија, јави МИА.
Според него, владеењето на правото ќе биде приоритет во текот на преговарачкиот процес.