ДИК утре ќе претстави сумулација за безбедно гласање
ДИК утре ќе организира симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени протоколи на едно избирачко место.
„Ќе биде опфатен целиот избирачкиот процес во реални услови. Почнувајќи од доаѓањето на граѓаните на избирачкото место, чекањето, влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, се што е по закон, со посебно напоменување на сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странскирте набљудувачи, најави членот на ДИК Борис Кондарко.
На настанот ќе бидат поканет медиумите, домашни и странски меѓународни мисии, посебно мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, од Министерството за здравство, како и претставници на амбасадите. Ќе бидат поканети и учесниците на изборите односно политичките партии.
На денешната седница на ДИК беше најавено, исто така дека граѓаните ќе можат да гласаат на изборите на 15 јули со пасоши чија важноста истекла од 18 март наваму, за време на вонредната состојба, имајќи предвид дека тие ќе имаат важност до 31 јули.