Руските власти приведоа седум кримски Татари
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во соопштение наведе дека на 7 јули привела “тројца лидери и четири членови на забранетата исламистичка група Хизб ут-Тахрир“ во Крим.
Откако Русија нелегално го анектираше Крим во март 2014 година, руските власти гонеа десетици кримски Татари за наводна припадност во исламистичката група Хизб ут-Тахрир која е забранета во Русија, но не во Украина.
Протераните претставници на регионалната власт во Крим ги осудија приведувањата и започнаа истрага за нив.
Американската амбасада во Украина исто така изрази загриженост во врска во приведувањата.