Путин не планира средба со Трамп, тврди Песков
Портпаролот на Крмљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не планира патување за Њујорк на седницата на Генералното собрание на ОН и средба со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе АП.
„Нема планови за такво нешто“, рече Песков.
Во врска со објавите во некои медиуми дека таква средба е можна, Песков рече дека се работи за „медиумски шпекулации“, пренесе ТАСС.
Британски „Тајмс“ вчера објави дека Трамп сакал да се сретне со Путин пред претседателските избори во ноември, без да го прецизира изворот на информацијата.