Никогаш намерно не е криена статистика за Ковид-19, тврди Брнабиќ
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека во ниеден момент намерно не биле криени статистичките податоци за состојбата со коронавирусот во Србија. Таа за Радио телевизија Војводина кажа дека во најголема можна мера, податоците кои се објавуваат се „вистинските податоци“.
Од каде толку гнев во Србија против мерките за КОВИД-19?
„Земавме волонтери да седат во болниците и да собираат податоци, но немаме систем како во државната управа кој електронски ги влече податоците. Ние воведовме каков-таков систем кој никогаш досега во Србија не постоеше, го воведовме ад хок за време на најголемата светска криза во последните 100 години“, кажа Брнабиќ.