Времето денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи
![Времето денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи](https://gdb.rferl.org/B1374C0A-7EE7-4450-B71A-C39F6EA3AAA0_cx0_cy1_cw0_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд со над 20 литри на метар квадратен, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Темепературата на воздухот значително ќе се намали особено на северот. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 13 до 20, а максималната ќе достигне 21 до 29 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 23 степени.