Времето денеска сончево со можност за краткотрајно невреме
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во западните делови со засилен западен ветер. Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме, информира УХМР.
Попладне времето постепено ќе се стабилизира. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната од 24 до 31 степен.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во текот на денот со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.