Корона вo диско, а и на коло шумадиско
Во период кога се бележат рекорден број заболени од коронавирус во земјава, социјалните мрежи се преплавени со фотографии од забави во дискотеки ширум земјава. Иако забраната за организирање свадби се уште е на сила, семејните веселби „на големо“ се организираат. Граѓаните стравуваат од нови кластери на ширење на заразата, кои може да дојдат, според песната на Лепа Брена, и од диско, и од „коло шумадиско“.