Коневски по говорот на Мицкоски - Редно е да си одиш
Поранешниот висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски реагираше на обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за Илинден. Тој во реакцијата вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се однесувал срамно и на овој голем ден.
„Кога сите треба да се обединиме, ти пак посегна по клеветење и навреди. Сите ние што те повикуваме да си дадеш оставка ѝ посакуваме добро на партијата, а ти очигледно си немоќен да се справиш со искрените критики. Со ова го допре дното и уште еднаш покажа дека не си достоен за функцијата што ја вршиш. Наместо ниски страсти и фрустрации, треба човек кој обединува. Редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ“, реагира Коневски.
Коневски: Ќе победиме кога ќе си замине Мицкоски
Коневски и дел од поранешното раководство на партијата и претходно го повикаа партискиот лидер да си поднесе оставка ако сака партијата некогаш да победи на избори.
Мицкоски во говорот за Илинден му се извини на народот за сите грешки и неправди кои некои лица од партијата ги имаат направено во минатото.