Италија изгради нов мост во Џенова, две години по несреќата
Италијанските власти во Џенова го пуштија во употреба новиот мост откако стариот се урна во 2018 година при што во инцидентот загинаа 43 лица. Претседателот Серхио Матарела ја предводеше церемонија за отворање на футуристички дел од автопатот по трагедијата на мостот Моранди кога десетици возила завршија во реката и нејзиниот брег. Мостот ќе биде отворен за сообраќај на 4 или 5 август, соопштија официјалните лица.
Заврши спасувачката операција, 43 загинати во урнатините на мостот во Џенова
Неговиот дизајнер, Ренцо Пијано ја нарече новата структура „дете родено од трагедија“. Компанијата „ Autostrade“ што е задолжена за речиси половина од автопатската мрежа во Италија, беше обвинета за занемарување на одржувањето на патот и фалсификување на безбедносните извештаи пред пропаѓањето на Моранди.
Прелиминарната истрага треба да се заврши подоцна оваа година. Богатото семејство Бенетон што ја контролира „Autostrade“ минатиот месец се согласи да се откаже од контролата на компанијата, која сега ќе се национализира.