Средба на Заев и Ахмети во Собранието
Во Собранието денеска попладне се одржува средба меѓу лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети, како дел од преговорите за формирање на владино мнозинство, јавува МИА.
Денеска претходно Ахмети ги покани на заедничка средба лидерите на партиите од албанскиот политички блок, потег за кој Заев оцени дека претставува притисок врз него и коалицијата предводена од СДСМ.
„Го гледам ова како притисок врз мене, СДСМ и Коалицијата „Можеме“, за премиер по предлог на ДУИ“, изјави Заев.
Можна ли е влада без Зоран Заев?
Денеска претседателот на ДУИ, Ахмети, ги покани претседателите на албанските партии на средба на 13 август, денот на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Ахмети ги кани на средба лидерите на албанските партии
Лидерот на социјалдемократите рече дека е прерано да се каже дали ако се постигне договор меѓу албанските партии, тоа би влијаело врз формирање на мнозинството кое СДСМ го планира.