Мета бара лекување со крвна плазма и бара помош од Италија
По рекордните бројки на новозаразени со Ковид-19 во Албанија и не мал број починати, албанскиот претседател Илир Мета побара што поитно да се почне со лекување на болните со крвна плазма од лица кои ја прележале болеста. Тој истакна дека искуството во други земји таквата терапија се покажала како доста корисна.
„Со оглед на генерално позитивните информации во врска со терапијата со ковалесцентна плазма и затоа што нејзината примена се покажа како доста корисна за пациенти со Ковид -19, охрабрувам да се почне што е можно поскоро со оваа терапија, обезбедувајќи ја пред се целата апаратура што ја прават можна нејзината примена“, напиша Мета на Фејсбук и додаде дека е многу значајно да се побара помош од Италија.