Во Ирак нападнат конвој кој носел опрема за американската војска
Конвој кој пренесувал опрема за американски единици бил цел на експлозија што се случила во близина на граничниот премин меѓу Ирак и Кувајт околу 21 часот по локално време, соопштија властите, пренесе АП.
Првично не било јасно дали во конвојот имало американски војници и дали има повредени во експлозијата, додека ирачката страна негира дека се случил инцидентот.
Малку познатата ирачка шиитска милициска група по име Ашаб ал Кахф ја презеде одговорноста за нападот и објави видео со кое се гледа експлозијата во далечина.