Бислимоски - Вработувањата и луксузниот мебел не влијаат на цената на струјата
Во овие одлуки на Регулаторната комисија за енергетика се земени во предвид број на вработени коишто бил во 2017 година. Ниту се признаени нови вработувања, ниту се признаени трошоци за плати надвор од некои стандарди на РКЕ. Исто така тие фотелји што ги зборат од телешки кожи и тие не се земени во предвид, ништо не е земенo од тоа што се шпекулира во јавноста при носењето на овие одлуки за поскапувањето на струјата, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски во интервју за Радио Слободна Европа.